Голманот на Уругвај, Себастиен Соса (38) ја покажа својата луда тетоважа со лав пред пријателскиот натпревар против Канада на кој неговиот тим победи со 2-0.
Иако не доби шанса да игра и натпреварот го следеше од клупата за резерви, голманот кој настапува за аргентинскиот клуб Индепендиенте се најде во центарот на вниманието со необична тетоважа на задниот дел од главата и фризура која го комплетира изгледот на лавовска грива.
Најновата фризура на Соса совршено оди со тетоважата со лав што ја направи кога ја загуби косата за време на коронавирусот што го претрпе летото 2020 година.
„Имав коронавирус во јули, а на крајот на август одеднаш ми падна косата. Косата ми паѓаше по целото тело. Знаев дека тоа е резултат на Ковид“, рече Соса, додавајќи:
„Ми останаа само неколку влакна, па решив да се избричам. Отсекогаш сум сакал лавови, па сакав да истетовирам еден на задниот дел од главата“.
Биле потребни седум часа за да се заврши тетоважата. Соса не почувствува болка, а после се реши тетоважата да ја искомбинира со интересна фризура која одлично се вклопува со неговиот нов имиџ.