Режимот за поправка на Samsung ги крие податоците од сервисерите на мобилни телефони

Случаите во кои хакерите продаваат лични податоци на форуми веќе не се ретки, а тоа може да биде една од причините за чувството на непријатност при оставање на мобилен телефон на сервис. Сепак, Samsung има решение.

Тоа е режим наречен Repair Mode, кој може да се активира во поставките, односно во делот Battery and Device Care. Samsung не објави детали за технологијата што ја овозможува функцијата, но познато е дека крие приватни информации, фотографии, пораки и поврзани сметки кога ќе се активира.

Само апликациите што доаѓаат со мобилниот телефон од фабриката ќе бидат видливи за техничарот или сервисерот. За да го вратите пристапот до податоците, доволно е да го деактивирате Repair Mode и да користите еден од начините за потврдување на идентитетот, како што е сензорот за отпечатоци.

Функцијата засега е достапна само за корисниците во Јужна Кореја и за серијата мобилни телефони Galaxy S21, а потврдено е дека доаѓа и за други модели. Исто така, се очекува дека во иднина ќе биде достапен и во остатокот од светот.

Претходна iPhone 14 во нови проблеми
Следна Porsche го претстави новиот тркачки 911 GT3 R

Награден напис

Што точно се случува со телото на човекот откако ќе умре?

Сигурно барем еднаш сте се запрашале што се случува со човечкото тело откако ќе умре? …

Rolls-Royce Cullinan од Carlex Design

Carlex Design е тјунинг компанија која главно зазема нетрадиционален пристап кон редизајнирање на луксузни и …

Забрането е копирање на текст!