Реал Мадрид e повторно најбогат фудбалски клуб на светот

Според листата на 20 најбогати фудбалски клубови што ја објави BBC, на врвот повторно се најде шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид.

Реал Мадрид се позиционираше на врвот благодарение на рекордниот приход од 750,9 милиони евра. Второто место го има Барселона, а Манчестер Јунајтед падна на третата позиција на листатa најбогати.

Вкупниот приход на дваесетте најбогати фудбалски клубови изнесува вртоглави 8,3 милијарди евра.

Во топ 10 се наоѓаат дури 6 англиски клубови.

На листата на 20 најбогати фудбалски клубови се наоѓаат:

  1. Реал Мадрид
  2. Барселона
  3. Манчестер Јунајтед
  4. Баерн Минхен
  5. Манчестер Сити
  6. Парис Сен Жермен
  7. Ливерпул
  8. Челзи
  9. Арсенал
  10. Тотенхем
  11. Јувентус
  12. Борусија Дортмунд
  13. Атлетико Мадрид
  14. Интер
  15. Рома
  16. Шалке
  17. Евертон
  18. Милан
  19. Њу Касл
  20. Вест Хем
Претходна Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот
Следна Aston Martin го претстави ексклузивниот DBS Superleggera TAG Heuer Edition

Награден напис

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Топката со која Марадона го постигна голот со „Божјата рака“ беше продадена на аукција

На аукција во Лондон топката со која Диего Марадона го постигна познатиот гол „Божја рака“ …

Don`t copy text!