Според весникот Марка, германскиот производител на автомобили Ауди повеќе нема да биде спонзор на Реал Мадрид, а кралевите во понеделник ќе потпишат нов договор со друга марка.
Договорот со Ауди истекува на 30 јуни и нема да биде продолжен, бидејќи двете страни не можеле да се договорат околу финансиските детали, а освен тоа, Ауди наводно планира да го спонзорира Баерн.
Германскиот производител на автомобили од Инглштад од 2003 година на Реал му обезбедуваше службени возила со кои ѕвездите возат на тренинзи и официјални состаноци, но сега на соработката и дојде крајот.
Сепак, освојувачот на Лигата на шампионите ќе остане верен на германските автомобили. Според Марка, БМВ е новиот спонзор, а соработката треба да биде објавена во понеделник.
БМВ не само што ќе им обезбедува службени автомобили на членовите на клубот во иднина, туку ќе игра и значајна улога на реновираниот стадион Бернабеу. Дополнително, сите турнири во Реал ќе го добијат името БМВ.