Реал Мадрид и Ајнтрахт вечерва од 21 часот ќе се борат за освојување на Суперкупот на Европа.
Натпреварот се игра во Хелсинки, а традиционално е победникот од Лигата на шампионите против победникот од Европската лига.
Реал е јасен фаворит, а вечерва ќе има можност да ја освои првата од шесте можни титули сезонава.
Заедно со Суперкупот на Европа, оваа сезона Реал ќе атакува на три трофеи во Шпанија (Ла Лига, Куп на кралот и Суперкуп), Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
„Ќе се обидеме да ги победиме сите натпреварувања, не се сомневам во тоа. Да победиме на сите шест ќе биде тешко, но ќе се бориме и ќе се обидеме да го постигнеме тоа. Имам голема верба во овој тим, кој според мене е подобар. од ланскиот“, изјави тренерот на Реал Карло Анчелоти.
Интересно, ова ќе биде прв дуел помеѓу Реал и Ајнтрахт по 1960 година, кога кралевите славеа со 7:3 и го освоија Купот на европските шампиони, а сите 7 гола ги постигнаа Алфредо Ди Стефано и Ференц Пушкаш.
Најголемата надеж на Ајнтрахт пред овој дуел е натпреварувачката форма.
Имено, ова ќе биде прв официјален натпревар сезонава за Реал, додека тимот од Франкфурт веќе одигра два натпревари. Ајнтрахт најпрвин славеше со 4:0 во Купот на Германија против Магдебург, а потоа доживеа потоп во второто коло од Бундес лигата од Баерн со резултат 6:1.
Натпреварот се игра на Олимпискиот стадион во Хелсинки со почеток во 21:00 часот со ТВ пренос на каналот Арена спорт, а ќе го суди англискиот судија Мајкл Оливер.