Реализација на сексуалноста преку објавување на голи слики

 

До неодамна беше потполно незамисливо јавно да се објавуваат голи фотографии и порнографски филмови направени дома. Ова во последно време станува сè почеста практика кај странските, но и кај домашни славни личности.

Оваа појава ги заинтересира и психолозите, кои ги бараат причините и смислата на ваквото однесување. Подготвеноста намерно да се откриваме пред другите достигнува до далечното минато на нашите предци – приматите. Кај нив е забележано дека со покажување на половиот орган, на потенцијалниот партнер му покажуваат сексуална заинтересираност.

И кај луѓето оваа појава е поврзана со сексуалноста, но на малку посложен начин. Сон и желба на секоја жена е да биде пожелна и посакувана, затоа што тоа помага во реализација на сексуалноста, тврди Марта Миана, клинички психолог и професор на Универзитетот на Невада во Лас Вегас. Бројни истражувања покажале дека жените кои се задоволни со своето тело имаат многу посилни сексуални апетити. Задоволството со себе и со сопственото тело на жената ѝ е поважно од позитивниот впечаток кој го предизвикува кај својот партнер.

Во едно скорешно истражување, половина од испитаните жени изјавиле дека со задоволство би биле во улога на стриптиз танчерка, жена во харем или естрадна ѕвезда. Повеќе од половина од испитаничките изјавиле дека би сакале да освојат голем број мажи.

Објавување на голи слики и домашни филмови е само пример дека човековата еротичност бара нови начини за реализација. Пред нас е долг пат на прифаќање на еротиката во сета нејзина разноликост.

Големата раширеност на мобилните телефони со камера и фотоапарат и разните интернет страници и апликации за запознавање, речиси секому овозможуваат уживање во опуштено снимање. Па така, во изминатите две години настанаа и протекоа во јавноста повеќе фотографии од голи естрадни ѕвезди отколку во изминатите два века.

Беа разоткриени Скарлет Јохансон, Ванеса Хаџинс, Кристина Агилера, Џесика Алба, Ријана, Мајли Сајрус, Шарлиз Терон, како и некои американски политички фигури.

Запрашана дали може да ја објасни оваа појава, пејачката Тијана Тејлор дала разумен и искрен одговор. Таа вели дека и таа е само обична девојка која му се восхитува на своето тело и ужива да го фотографира, па сака и другите да ја гледаат на истиот начин.

Во појавата на медиумското лудило по фотографии на намерно разоткриени естрадни ѕвезди, веројатно се наоѓаат слични психолошки мотиви на обичните луѓе. Интернет-страниците со аматерски автопортрети се исто така популарни низ светот, при што се користат слики од Фејсбук, Инстаграм и другите социјални мрежи.

Ниту мажите не се поштедени од оваа појава, и покрај тоа што кај нив е помалку застапена. Изгледа дека на мажите им се попривлечни други начини за реализација на сексуалноста.

 

Претходна Vandal One – уличен болид
Следна Разоткриен е митот за местото на кое се среќаваат два океана

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!