Рачен часовник од милион долари

Светот на луксузните и скапи рачни часовници секогаш знаел да приреди големи изненадувања. Така и во аукциската куќа “Christie’s” на јунската аукција посветена на ретки и скапи рачни часовници се случи продажба од милион долари.
Можеби претпоставувате за кој производител на часовници станува збор. Часовник од брендот Rolex беше продаден за неверојатни 1.068.500 долари. Станува збор за рачен часовник од линијата Rolex Submariner. Поточно моделот Rolex Oyster Perpetual Submariner од 1956 година. Овој часовник бил наменет за нуркачи и екипажите на подморниците поради квалитетот на материјалите од кои е изработен. Не’рѓосувачки челик, автоматски механизам, стрелка која ги покажува секундите и златен бројчаник.
Часовникот има црна подлога за бројките, бројките 3,6,9 и 12 се флуоресцентни, а ја има и препознатливата круна. Негов прв сопственик бил истражувач на Арктикот, а го купил за 100 канадски долари во педесеттите години на минатиот век и го носел целиот свој живот. Го подарил на својот син, а да го понуди на аукцијата го натерал неговиот пријател кој претпоставил дека часовникот има голема вредност.
Проценката на аукционерите од Christie’s била дека часовникот би можел да се продаде за сума од 500.000 – 1.000.000 долари.

Таа вечер на аукцијата се продадени повеќе часовници со вредност поголема од 100.000 долари, а 4 примероци се продадени за повеќе од 500.000 долари.
Вториот по вредност продаден рачен часовник таа вечер е повторно Rolex. Станува збор за редок часовник. Моделот е Oyster Cosmograph Paul Newman, часовник што го носи името на познатиот американски актер Пол Њумен. Механизмот е механички, рачно се навива, ја има препознатливата Rolex нараквица. Продаден е во 1971 година за 800 швајцарски франци.

Patek Philippe е рачен часовник кој таа вечер аукционерите го продадоа за сума над 500.000 долари. Познат швајцарски часовник со квадратна форма, со издвоен кружен мерач на секунди. Овој часовник со златно куќиште, во архивата на производителот се води со датум на производство од 1930 година, и претставува вистински редок примерок. Според описот што го дала аукционерската куќа, овој модел е предаден на сопственикот и од тогаш е во негова сопственост и на неговото семејство. Овој часовник го носела правнуката на вториот претседател на САД, Џон Адамс. Била со многу слаб вид, па се потпирала на звучниот сигнал кој часовникот го испуштал кога означувал цел час.

Според известувањето на аукционерската куќа, часовник продаден за сума поголема од 500.000 долари бил уште еден часовник на Patek Philippe од 18 каратно злато, изработен во 1982 година. Бил сопственост на Мелвин Џероум Бланк, американски артист познат по тоа што неговиот глас е користен за ликовите од познатите цртани филмови Брзата птица итрица, Душко долгоушко, Твити, мачорот Силвестер. Актерот својот часовник го купил 1983 година.

 
 

Претходна РК Работнички со победа и на гости
Следна Дубаи со технолошки новитети од научно-фантастичните филмови

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!