Новата сезона за Формула 1 почнува на 17 март 2019 година, а еден месец порано тимовите ќе ги претставуваат новите болиди.
Екипата на Haas веќе го претставија своето возило со направени неколку измени генерално заради промената на својот спонзор Rich Energy.
Од водечките тимови, Mercedes и Red Bull ќе бидат меѓу првите што ќе го покажат новиот болид, а тоа ќе се случи на 13 февруари.
Предсезонските тестирања ќе започнат на 18 февруари, а баш тој ден својот нов автомобил ќе го покаже и Alfa Romeo.
На табелата се дадени сите термини за претставување на своите нови автомобили на сите учесници во натпреварувањето на Формула 1.
