Разорната ерупција на Везув и уништувањето на Помпеја

  •  

Разорната ерупција на Везув во која се претпоставува дека загинале околу 15.000 луѓе се случила на 24 август, 79 година. Била толку разорна што Помпеа, Херкуланеј и повеќе околни места биле засекогаш разурнати. На разорната ерупција ѝ претходеле бројни потреси, но најразорен бил потресот во 67 година.
После големата ерупција на Везув, Помпеја и околните места биле прекриени со слој на пепел и лава дури 1600 години кога биле случајно откриени.
Во поновата историја истражувана е територијата околу Везув за да се добијат повеќе информации.
Во најновите истражувања, научниците направиле палета на анализи и утврдиле дека загинатите што биле откриени во коморите на брегот, во кои пробале да се сокријат, всушност умреле од огромната температура што се развила поради ерупцијата, крвта почнала да им врие и дошло до прскање на черепите. Нивото на кое се зачувани остатоците во двата града кои биле најмногу погодени од катастрофата е одлично и даваат одлична слика за тоа што се случувало и како умреле. Се смета дека смртта настапила за неколку секунди.
Истражувани се 12 различни комори лоцирани на брегот во градот Херкуланеј. Во тие 12 комори 300 луѓе побарале спас. Ова го тврди Пиерпаоло Петроне, водечкиот истражувач од Универзитетската болница Федерико II во Неапол. Тој извршил анализа на костурите што биле пронајдени во коморите.
Во истражувањата научниците ги испитале остатоците од минерали во коските и пепелта која ги исполнила празнините во нивниот череп и костур. Потоа спровеле лабораториска анализа и утврдиле дека ефектите што ги дала ерупцијата биле стравични. Температурата од ерупцијата направила луѓето што биле во коморите како да биле во рерна. Крвта им испарила, а черепите експлодирале, и потоа пепелта ги исполнила празнините што настанале со испарување на крвта.
Везув и денес се смета за еден од поризичните и поразорните вулкани на планетата. Тој е единствениот европски вулкан што еруптирал во последните 100 години.

Копирањето на содржината е забрането!