Работнички им ја зема победата на Металург 2

Денешниот натпревар од деветтото коло на Првата македонска ракометна лига, на ракометарите на Работнички им донесе победа која е повеќе од заслужена.

Играа против екипата на Металург 2 која во своите редови внесе ракометари како Серафимов, Лазаревски, Шилегов, кои играат во првиот тим на Металург, во Лигата на шампионите. Сепак, тоа не беше доволно за да им донесе победа на ракометарите на Металург 2. Ракометарите на Работнички извојуваа победа од 35:31 (14:16).

Првото полувреме беше во корист на ракометарите на Металург 2, на момент имаа 3 гола предност и на полувреме заминаа со резултат од 14:16.

Второто полувреме започна повторно во корист на Металург 2 сè до моментот кога резултатот беше 19:20, кога Работнички направи комплетен пресврт.

Никола Димитров, крилото на РК Работнички, заедно со останатите играчи го доведоа резултатот до 23:20, и сè до крајот на натпреварот не им дозволија на гостите да се повратат.

На денешниот натпревар најдобар стрелец беше Олег Кумогородски со 13 голови.

На листата на стрелци од Работнички се впишаа и Никола Димитров со 9 голови, Бојан Љубевски, Стефан Николовски и Христијан Анастасовски со по 4 голови и Дмутро Полиак со 1 гол.

За Металург 2 листата на стрелци е следната: Мице Шилегов и Мартин Серафимов со по 10 голови, Дарко Кондев со 5 голови, Михајло Младеновиќ, Андреј Митиќ и Милан Лазаревски со по 2 гола.

Претходна До 2020 година би можеле да почнат да се користат летечки мотоцикли
Следна Bugatti изработи велосипед

Награден напис

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Топката со која Марадона го постигна голот со „Божјата рака“ беше продадена на аукција

На аукција во Лондон топката со која Диего Марадона го постигна познатиот гол „Божја рака“ …

Don`t copy text!