Британската компанија PWC е тужена од вработен поради повреда што ја добил на настан организиран од компанијата. Со поедноставни зборови, на тим билдинг.
„Фајненшл тајмс“ пишува дека вработениот Мајкл Броки тврди дека самиот се “повредил” за време на „паб голф“ организиран од компанијата за своите вработени. Тоа беше „крстарење“ по локални пабови кое беше замислено како играње голф, но наместо да ги посетат дупките на теренот, вработените ги посетуваа – пабовите.
Наводно, вработените биле охрабрени да пијат алкохол во секој паб што е можно побрзо за да ја добијат играта. Броки тврди дека настанот „поттикнал прекумерно консумирање алкохол“ и дека тоа резултирало со оштетување на мозокот бидејќи бил толку опиен што не се сеќавал што се случило по 22 часот.
Барајќи отштета од 200.000 долари, 28-годишникот тврди дека морал да земе шест месеци одмор од работа за да се опорави. Тој сега бара отштета од 200.000 долари од компанијата и го обвинува за негрижа кон работниците.
„Како одговорен работодавач, ние сме посветени на обезбедување безбедна, здрава и инклузивна култура за сите наши вработени. Исто така, очекуваме секој што присуствува на социјалните настани да биде одговорен и да се грижи за својата безбедност и безбедноста на другите“, компанијата објави.