Прошетајте само две минути после секој оброк и вашето тело ќе ви биде благодарно

Повеќето луѓе сакаат да го завршат оброкот со десерт или кафе. Одлично за вашето хедонистичко непце, признаваме! Но, обидете се со кратко и брзо одење потоа и вашето тело ќе ви се заблагодари. Нема подобро чувство од ситост откако ќе уживате во вкусовите што ги сакате, но повеќето од нас ги мачи она што следи по оброкот, варењето на храната, што често нè забавува и нè уморува.

За да го прескокнете тоа, научниците открија дека кратка прошетка која трае само две минути е одлична, не само за варење, туку помага и за намалување на нивото на шеќер во крвта. Ова го покажа истражувањето објавено во најновото издание на магазинот Sports Medicine.

Истражувањето ги анализира резултатите од седум студии кои споредувале како седењето наспроти стоењето или одењето влијае на здравјето на срцето, особено гледајќи го нивото на инсулин и шеќер во крвта. Во пет од седумте студии, ниту еден испитаник немал преддијабетес или дијабетес тип 2. Другите две студии испитувале луѓе со и без здравствени проблеми. Сите учесници беа замолени или да стојат или да одат пет минути на секои 20 до 30 минути во текот на денот.

Во сите седум студии, истражувачите откриле дека само неколку минути пешачење со лесен интензитет по оброкот помогнало нивото на шеќер во крвта постепено да се зголемува и опаѓа. Ова е особено важно за луѓето со дијабетес, кои треба да избегнуваат драматични флуктуации на шеќерот во крвта. Во принцип, одењето на кратка прошетка после јадење значително го подобрува нивото на шеќер во крвта во споредба со седењето.

Доколку немате време да одите, краткото стоење по оброкот исто така се покажало дека значително го намалува нивото на гликоза и инсулин во споредба со седењето. Сепак, истражувачите забележуваат дека одењето со слаб интензитет се покажало како подобро и препорачуваат пешачење после појадок, ручек и вечера.

Претходна Што точно се случува со телото на човекот откако ќе умре?
Следна Неверојатно откритие под Антарктикот

Награден напис

НБА екипа на продажба

Професионалниот кошаркарски тим во НБА, Феникс Санс лани играше во големото финале на плеј-офот и …

Volkswagen ID Buzz Cargo ја освои наградата за комбе на годината за 2023 година

На Volkswagen ID Buzz Cargo му беше доделена престижната индустриска награда „Меѓународно комбе на годината …

Забрането е копирање на текст!