Протече изгледот на првиот гејмерски мобилен телефон на Леново

Неколкуте промотивни видеа што „протекоа“ на интернет го откриваат изгледот на првиот гејмерски паметен телефон на Леново.


Станува збор за паметен телефон наречен Леново Легија, чиј промотивен материјал го открил анонимен извор.

Исто така, откриени се и некои спецификации.

Клиповите покажуваат дека паметниот телефон ќе се напојува со батерија од 5000mAh и ќе поддржува полнење од 90W. До 100% капацитет батеријата ќе бидат наполнета за 30 минути.

Исто така, се гледа порт за полнење од типот USB-C, слот за SIM картичка и опционална порта за USB-C од страната. Звучниците се наоѓаат на горниот и долниот раб, додека микрофонот е поставен на горниот дел.

На задната страна се гледа симетричен дизајн во облик на Y, сличен на другите производи од Легија. Во центарот на задниот панел има две камери, што е малку невообичаено. Сепак, веројатно е подобро решение бидејќи гејмерите често ги држат своите мобилни телефони хоризонтално. Селфи камерата има скокачки механизам и се повлекува од страна.

Уредот се напојува со процесорот Qualcomm Snapdragon 865 и доаѓа со резолуција на екранот од 2.340х1,080 пиксели и стапка на освежување од 144Hz.

Во задниот дел има камери со 64 и 16 MP, додека на предниот дел е шпставена селфикамера со 20 MP.

Не е познато во овој момент кога ќе биде лансиран Леново Легија или колку ќе чини.

Претходна Најбрзиот автомобил на Audi – RS Q8 преработен од Manhart
Следна Неочекувани ефекти од обична чаша вода

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!