Промената на климата директно влијае на бојата на океаните

Климатските промени до дваесет и првиот век најверојатно ќе влијаат на бојата на половина од океаните на планетата, предвидува истражувањето спроведено од еминентниот Институт за технологија од Масачусетс (MIT).

Како температурите ќе растат, суптропските океани, како што се вели во истражувањето, ќе бидат посини, а оние околу екваторот и половите ќе бидат позелени. Бојата на океаните зависи од интеракцијата на сончевата светлина со она што е во водата. Микроскопски морски алги и фитопланктони, видливи на сателитските снимки се клучен показател за здравјето на океаните.

Кај фотосинтезата, хлорофилот во фитопланктонот ја апсорбира сината светлина од спектарот, па затоа подрачјата богати со алги изгледаат позелени. Во деловите каде има помалку фитопланктон , во некои случаи и помалку живот, океаните ќе изгледаат посини бидејќи молекулите на водата апсорбираат сè освен сината светлина.

Резултатите од компјутерската симулација направена од научниците на MIT  го потврдуваат тоа што во суштина го покажуваат и сателитските снимки, и така покажуваат дека овој модел може да се користи за предвидување на промената на нивото на фитопланктон заради глобалното затоплување.

Промената на бојата на хлорофилот можеби е директно поврзана со климатските промени, но на нив може да влијаат и нормални климатски појави како Ел Нињо, кој се појавува на неколку години.

Ел Нињо е природна метеоролошка појава поврзана со промената на климата во тропските области.

Претходна Мисли кои на секој маж му поминуваат низ глава за време на сексот, но никогаш нема да признае
Следна Новости во Формула 1 што ќе ја зголемат динамичноста на натпреварувањето

Награден напис

Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски режим“?

 Ако често патувате со авион, веќе сте навикнале на почетокот од секој лет да ве …

Војската на САД развива моќно ласерско оружје, најсмртоносното до сега

Војската на САД планира следната година да демонстрира ласерско оружје од 300 киловати, најмоќното до …

Забрането е копирање на текст!