Валери Ботас го продолжи договорот со Мерцедес, и заедно за Луис Хамилтон ќе вози за Мерцедес и во 2019 година. Тимот на Мерцедес објави дека го продолжил договорот на Ботас со дополнителна можност за уште една година.
Перформансите на Ботас се одлични. Да не беа нашите грешки и лошата среќа, тој можеше да го предводи генералниот поредок“ – изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.
Ботас со возењето во Кина, Азербејџан и Австрија се престави во одлично светло. Чангај го возеше како прв се до моментот кога сигурносното возило го промени текот на трката. заради навременото менување на гумите Даниел Рикиардо заврши како прв на целта. Грешка што Ботас ја плати со изгубената позиција.