Шпанската кошаркарска репрезентација е новиот шампион на Европа, а избран е и идеалниот тим на Евробаскет кој ќе остане запаметен по многу добрата кошарка и многубројните изненадувања.
За најдобар играч (МВП) на турнирот е прогласен Шпанецот Вили Heрнангомез, а наградата ја доби од легендарниот Германец Дирк Новицки.

Во идеалната петорка беа: Џанис Антетокунмпо, Лоренцо Браун, Руди Гоберт, Вили Хернангомез и Денис Шродер.
Да потсетиме, во финалето на Евробаскетот во Берлин, Шпанците го совладаа францускиот тим со резултат 88:76. Третото место го освои Германија, која ја совлада Полска со резултат 82:69.