Проблеми со пријателите

Како што на мажите им пречи тоа што нивната мила се гледа со пријателите, на жените им пречи некои „средношколски пријатели“ на нивните партнери. Ситуацијата е изедначена и не треба да има натпреварувачки дух, а камоли бодови. Кој гледа повеќе, кој е повеќе љубоморен итн. Ситуацијата не е шега, некои парови раскинуваат токму поради гледање со пријатели од спротивниот пол. Како и да го свртите, едниот ќе го испровоцира другиот со своите постапки и сето тоа ќе го сфати како забава, како провокација, додека другата страна ќе се навреди.

Нормално е да имаш пријатели од детство, училиште, итн. Во ред е. Сомнително е кога ќе почнете да излегувате со познаници, колеги и ќе се вратите дома со насмевка и приказна полна со авантури и пријатни анегдоти кои сакате да ги споделите со партнерот.

Не ја преминувај границата, не го барај ѓаволот. Ако веќе знаете дека ви пречи повремено гледањето со неа, тогаш не го спомнувајте тоа, не се враќајте ентузијастички, но и немојте да бидете нерасположени. Најдобро го познавате партнерот и бидете искрени со него. Не ја тестирајте неговата/нејзината љубов кон вас на тој начин.

Подобро запознајте го вашиот пријател со вашата девојка, вашиот пријател со вашиот дечко. Дозволете му да дојде кај вас или да излезете заедно. Ако продолжите да излегувате на кафе со истата личност и се враќате подоцна отколку што кажавте, размислете за тоа. Како би реагирале и што би помислиле доколку ситуацијата биде обратна. Однапред решете ги сите дилеми, изнесете ги на земја сите прашања кои се во воздухот и објаснете ја работата пред да биде предоцна. Не сакате да влезете во ситуација кога ќе се појави ултиматум – партнер или пријател. Ако ви е тешко да одлучите што сакате, размислете за она што не го сакате и тоа ќе го реши проблемот.

Претходна Китови убијци снимени како ловат големи бели ајкули
Следна ТикТок сега го копира Инстаграм

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!