На прв поглед се мисли дека моногамноста е поврзана со романтика и љубовта. Но, истражите од универзитетот Ватерло откриваат дека моногамноста станала основна човечка особина само заради сексуално преносливите болести.
Со помош на компјутерски симулации, научниците ја анализирале еволуцијата на парење од праисторија, базирана на демографијата на популацијата и сексуално преносливите болести. Во почетокот на еволуцијата, човекот имал повеќе партнерки и врските се засновале на полигамност. Полигамноста водела до појава на болести како сифилис и гонореја и со тоа плодноста на машката популација се намалила. За да се одржи размножувањето, полигамните врски се претвораат во моногамни, за да може да се компензира за намалената плодност. Мажот и жената засновуваат чисто моногамна врска за да можат да добијат потомство.
Истражувањето покажало дека групите кои полигамноста ја замениле со моногамност подобро напредувале, додека групите што ја задржале полигамноста – стагнирале.
Награден напис
Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца
Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …
Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави
Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …