Пристигна трејлерот за новото продолжение на „Џон Вик“

Официјалниот трејлер за четвртиот дел на „Џон Вик“ конечно пристигна, а од првиот веќе е јасно дека повторно не очекува многу возбуда, која не недостигаше во претходните филмови.

На YouTube каналот на продуцентската куќа Lionsgate се појави трејлерот „John Wick: Chapter 4“ на кој се гледа Кијану Ривс повторно вовлечен во светот на темнината, за да ги исправи грешките од минатото.

Синопсисот за новиот филм открива дека Вик „пронаоѓа начин да ја победи Високата маса“, организираната криминална организација со која се бореше во изминатите делови.

Пред Вик да успее во својата цел и да ја „заслужи својата слобода“, тој мора да се соочи со нов непријател и сили кои ќе ги свртат дури и неговите стари пријатели против него.

Трејлерот од две и пол минути започнува со Вик кој ја оплакува својата мртва сопруга Хелен (Бриџит Мојнахан), пред да се соочи со Кејн (Дони Јен), а исто така го прикажува и новиот негативец на патувањето на Вик, Маркизот де Грамонт, кој го игра Бил Скарсгард.

Некои од другите актери кои му се придружија на Ривс се Хиројуки Санада, Шамиер Андерсон, Ленс Редик, поп-музичарот Рина Савајама, Скот Адкинс, Марко Зарор, Натали Тена и Ајме Кван.

Режисер на филмот е Чад Стахелски, додека зад сценариото се Шеј Хетен, Мајкл Финч и Дерек Колстад.

Дедлајн, исто така, објави дека Ривс е во преговори да го глуми Џон Вик во претстојниот спиноф на „Балерина“, со Ана де Армас и Мекшејн во главните улоги. Од друга страна, во тек се подготовките за петтиот дел од популарниот филм.

Четвртиот дел од „Џон Вик“ пристигнува во кината на 24 март.

Претходна Во орбитата на земјата успешно е тестиран топлинскиот штит LOFTID
Следна AMB 001 Pro е мотоцикл на Aston Martin направен за патеката

Награден напис

Реткиот Ferrari Dino 206 S е одлична можност за богатите колекционери

Вљубениците во Ferrari и колекционерите со „длабоки џебови“ добија шанса да поседуваат исклучително ретко Ferrari …

Најспектакуларниот нокаут досега забележан

Полскиот борец Алан Квиечински го приреди еден од најспектакуларните нокаути некогаш видени на настанот FAME …

Забрането е копирање на текст!