Компанијата Apple ја освежи палетата на производи со најголемиот iPhone кој е до сега направен и со часовник кој ги регистрира проблемите со срцето.
Новата палета на iPhone ја унапредува ланската верзија на iPhone X и ги вклучува моделите XR, XS и XS Max. Овие модели ќе излезат во продажба на 21 септември по следните цени: XR ќе се продава по цена од 749 долари, XS за 799 долари и XS Max за 1099 долари.
Шпекулациите во врска со димензиите на екранот за моделот XS се покажаа како точни (5,8 инчи т.е. 14,7 см), додека пак најмногу внимание предизвика XS Max кој стана најголемиот iPhone во понудата на Apple со дисплеј од 6,5 инчи или 16.5 см.
Двата модели имаат подобрени перформанси благодарение на новите А12 bionic процесори. Освен тоа, оние кои имале прилика да го држат в рака XS Max, изјавуваат дека е изненадувачки лесен.
Внимание предизвика и најевтиниот модел од трите претставени – XR, чија цена Apple успеа да ја намали користејќи LCD екран, една камера и отстранувајќи го сензорот за 3Д допир.
Освен телефоните, Apple го претстави и часовникот од четвртата серија кој има нов, заоблен екран поголем за 30%, како и ЕКГ скенер, и ќе чини 399 и 499 долари. Една студија покажала дека претходниот модел на часовник – Apple Watch Series 3, со 97% точност можел да детектира абнормален срцев ритам. Од Apple изјавија дека апликацијата за новиот часовник ќе излезе подоцна оваа година.
https://youtu.be/6EiI5_-7liQ
Награден напис
Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција
Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …
Мета подготвува ривал на Твитер
Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …