Со 911 Carrera T, Porsche го пополнува празниот простор помеѓу верзиите Carrera/Carrera 4 и Carrera S.
Шареното друштво на „елфери“ од серијата 992 го прошири моделот Carrera T (T како Touring), кој, како што се вели, носи традиционални решенија и повеќе забава (во споредба со стандардната Carrera) што не бараше зголемување во моќноста на моторот.
Цената на Porsche 911 Carrera T е сместена помеѓу стандардните модели Carrera/Carrera 4 и помоќната Carrera S. Тој е придвижуван од трилитарски 6-цилиндричен битурбо бензински боксер мотор од основната Carrera кој развива 385 КС и 450 Nm максимален вртежен момент, но споменатиот мотор во намалена и полесна T(ouring) верзија поместува помалку килограми.
Традиционалистите најмногу ќе ги израдува веста дека преносот на силата на задната оска во Carrera T се врши преку мануелен менувач со 7 степени, кој е меѓу главните „виновници“ за намалувањето на тежината, а со рачниот менувач дојде и механички ограничено блокирање на задниот диференцијал.
Списокот на стандардна опрема ги вклучува адаптивната суспензија на Porsche (PASM) и пакетот Sport Chrono. Љубителите на автоматските менувачи може да сметаат на 8-брзинскиот PDK менувач без доплата. Повеќе звук во кабината е обезбеден со потенката звучна изолација и недостатокот на задни седишта, кои Porsche ќе ги вгради во кабината без дополнителни трошоци доколку купувачот ги сака.
Основната цена за Porsche 911 Carrera T, која од 0 до 100 km/h заостанува само 0,3 секунди од значително помоќната Carrera S верзија (450 КС), изнесува 123.845 евра.