Саемот на автомобили во Москва донесе уште еден новитет. Тоа е продукциската изведба на порано прикажаниот концепт Lada X-ray Cross.
Со овој автомобил Лада драстично го менува концептот на класичен дизајн на автомобилите, кој потекнува уште од советско време.
Разликите помеѓу стандардната и cross верзијата се евидентни во заштитните делови на екстериерот, кои се изработени од тврда пластика со додатна отпорност. Заедно со новите гуми придонесуваат за off-road изгледот на возилото.
Разликите ги има и во самите димензии. Cross верзијата е подолга за 6 мм и тежи 1300 кг.
Внатрешноста нема некои додатни новитети, освен што предните седишта имаат грејачи и се редизајнирани. Задниот простор за патници е зголемен за 25 мм.
Оваа изведба поседува 1,8 литарски бензиски мотор, со 122 кс и менувач со 5 степени на пренос. Mаксималната брзина изнесува 180 км/ч.
Останува уште да се официјализира цената на возилото. Да почекаме.
