Првиот тест на Taycan, електричниот автомобил на Porsche

Porsche на голема врата го најавува појавувањето во производство на електричниот модел Taycan. Медиумите се преплавени со тизери, видеа и фотографии.
Како продолжение на силната медиумска кампања за Taycan, го ангажираа поранешниот рели-возач – Германецот Walter Röhrl, да го тестира и да го каже своето мислење за автомобилот.
Walter Röhrl, како и што му доликува на рели-возач, од самиот старт го возеше пробниот модел до неговите граници и на крајот од возењето изјави дека Taycan е “луд” автомобил и дека во неговата рели кариера не почувствувал таква моќ во автомобил. Кажа дека поради ниското лежење на автомобилот тежината скоро и да не се чувствува, и дека управувањето и кочењето се беспрекорни.
Погледнете го видеото снимено за тестирањето на електричниот автомобил на Porsche.

Претходна Во Пекинг е отворена антистрес соба во која стресот се ослободува со кршење предмети
Следна Најскапа и најпопуларна туристичка дестинација во светот

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!