Првата понуда од Барселона за Нејмар одбиена од парижаните

Според изјавите, ПСЖ е спремен да се откаже од Нејмар, дури и за позајмица на Барселона, но сепак првата понуда на Каталонците беше одбиена.

Со оглед на тоа дека Барселона нема начин како да го донесе Нејмар во своите редови ова лето, понудија сума од 150 милиони евра, меѓутоа понудата беше одбиена од страна на Французите.

Според проценката на ПСЖ, Нејмар вреди 250 милиони евра и сакаат договор со Барса дека доколку најдат заеднички јазик ќе го купат Нејмар според договорот.

Преговорите сè уште се активни и се очекува да се решат во следните неколку дена.

Обврската што купувањето на Нејмар ѝ ја носи на Барселона и ја комплицира ситуацијата, е тоа што треба да се испланира комплетниот буџет за тековната сезона. По купувањето на Гризман и Де Јонг, се чини дека балансирањето на буџетот претставува тешкотија.

На ПСЖ му се потребни пари за да ги инвестира во екипата, а ако не добие гаранции од Барселона тоа тешко ќе го оствари.

Во игра за Нејмар е и Реал Мадрид, а будно ја следат ситуацијата и од Јувентус, кои исто така имаат интерес за овој фудбалер.

Претходна Лада Нива 6×6 – играчка за помалку богатите
Следна Carolina Hernandez

Награден напис

Со невидена помош од публиката, Серена ја собори втората носителка

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во второто коло на УС Опен победувајќи ја втората …

Црвена Звезда остана без пласман во групната фаза од Лигата на шампионите

Фудбалерите на Црвена звезда вечерва ремизираа со израелски Макаби од Хаифа (2:2) во реваншот од …

Забрането е копирање на текст!