По долги 27 години без преселба од Милан, еден член на династијата Малдини реши да го напушти Сан Сиро бидејќи младиот Даниел стана нов играч на Специја.
Таткото Паоло 25 години играше со голем успех за Милан и не размислуваше за преселба во друг клуб. По него, Даниел Малдини две години го носеше дресот на Росонерите, но време беше да се разделат.
Таму ќе се броеше славниот Чезаре Малдини, најстариот член на познатата фудбалска династија, но тој на крајот од кариерата се пресели во Торино.
Даниел Малдини денеска беше на лекарски прегледи и потпиша договор со Специја каде заминува на едногодишна позајмица. Двата клуба можат да размислуваат за перманентен трансфер на младиот напаѓач доколку има интерес.
Малдини вчера се прости од соиграчите со кои минатата сезона ја освои титулата шампион на Италија.
Во Милан му дадоа шанса на Даниел кој влезе од клупата. Сепак, веднаш стана јасно дека не се работи за талент како неговиот славен татко и дедо. Сепак, постои можност по враќањето од позајмица да работи напорно и да го вреже своето име на златните страници на историскиот однос меѓу Малдини и Милан.