Почина легендарниот Марадона

Легендарниот Аргентинец Диего Марадона почина на 61 година од срцев удар, објавија бројни светски медиуми повикувајќи се на извори од Аргентина.

Фудбалската легенда имаше срцев удар во неговиот дом само две недели откако ја напушти болницата, каде беше опериран од крварење во мозокот.

Марадона доживеа срцев удар во средата наутро во неговиот дом во областа Тигре во Сан Андрес.

Популарниот Литл Грин, кој важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, го достигна врвот на својата кариера на Светското првенство во 1986 година кога со Аргентина го освои Светскиот куп.

Играше за Аргентинос јуниорс, Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс. Тој го носеше дресот на Аргентина 90 пати и постигна 34 погодоци за „гаучосите“.

Ќе остане запаметено дека тој го предводеше до тогаш малиот Наполи до две титули во Серија А во 1987 и 1990 година.

По пензионирањето во 1997 година влезе во тренерските води и ја водеше репрезентацијата на Аргентина помеѓу 2008 и 2010 година, но без многу успех.

Неговиот усшех ќе се памети.

Претходна Наградата COMPANYBEST за 2020 година и припадна на ŠKODA AUTO
Следна Порше Тајкан постави светски рекорд за најдолг дрифт на електричен автомобил

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!