Почина американскиот рапер Кулио

Американскиот рапер Кулио, познат по култниот хит Gangsta’s Paradise, почина на 59-годишна возраст.

Неговиот долгогодишен менаџер Џерез Посеј за американските медиуми изјавил дека уметникот бил пронајден без знаци на живот на подот од бањата во куќата на неговиот пријател во Лос Анџелес.

Кулио почна да се занимава со музика во 1980-тите, но го зацврсти своето место во историјата на хип хопот кога го сними Gangsta’s Paradise во 1995 година.

Се уште не е откриена точната причина за неговата смрт.

Сепак, Пози изјави за ТМЗ, кој прв ја објави веста, дека лекарите веруваат дека тој можеби доживеал срцев удар. Кулио, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, доби Греми за

Gangsta’s Paradise е дел од саундтракот за филмот Опасни умови со Мишел Фајфер во главната улога.

Незаборавната песна и понатаму е многу слушана и штотуку помина една милијарда стримови на Spotify, според неговата официјална веб-страница.

Претходна Goya Menor & Nektunez – Ameno Amapiano
Следна Ѓоковиќ во финалето го победи Чилиќ и ја освои 89-та АТП титула во кариерата

Награден напис

Реткиот Ferrari Dino 206 S е одлична можност за богатите колекционери

Вљубениците во Ferrari и колекционерите со „длабоки џебови“ добија шанса да поседуваат исклучително ретко Ferrari …

Најспектакуларниот нокаут досега забележан

Полскиот борец Алан Квиечински го приреди еден од најспектакуларните нокаути некогаш видени на настанот FAME …

Забрането е копирање на текст!