Фудбалерите на Дуизбург со 0:3 го добија тимот на Мепен на гости во петтото коло од германската 3-та лига, а натпреварот го одбележа гостинскиот голман Винсент Милер, кој постигна гол со удар од 70 метри.
Дуизбург беше подобриот ривал од почетокот на натпреварот, па на десет минути пред паузата поведе со автоголот на Федл.
На сцена стапи голманот Милер во 65. минута. Најпрво се чинеше дека тоа ќе биде вообичаено шутирање на голманот од својата половина терен, но потоа дојде до недоразбирање меѓу дефанзивецот и голманот на домашниот тим. Острата топка на крајот се одби и го измами голманот за Милер да почне да слави со соиграчите.
Шокираниот домашен тим три минути подоцна прими уште еден гол, овојпат од пенал откако Стопелкамп беше сигурен.
Инаку, Дуизбург е на петтото место во германската 3-та лига, додека Мепен е на 10-та позиција.