Порше, во соработка со Пума, дизајнираше обувки инспирирани од легендарниот спортски автомобил.
Станува збор за посебна и ограничена линија патики чиј дизајн е инспириран од моќниот 911 турбо модел. Ова се различни модели на патики за секоја генерација на моделот 911 турбо, а обувките содржат различни бои специфични за одредени периоди.

Порше и Пума објаснија дека спојлерите, ентериерот, линиите на каросеријата и светлата служат како инспирација при дизајнирањето на обувките.
Колекцијата е поделена на две серии. Серијата Pumina Future Rider користи модели на ладење со воздух 911 Turbo, а серијата Speedcat на понови модели со вода ладење вклучувајќи ги моделите Type 996, 997, 991 и 992 911 Turbo S.
Продажбата започнува денес.