Португалскиот уметник Серхио Одејт ја започна својата кариера со спрејови во средината на 1980-тите, а денес создава навистина одлични уметнички дела.
Одејт почнал да црта графити во средината на 1990-тите, главно нелегално на потпорните ѕидови и железничките ѕидови, а неговата страст го направила препознатлив уметник кој сликал огромни мурали. Некои од нив ги насликал во Дамала, Каркавелос и многу други сиромашни населби во Амадора.
Серхио на петнаесет години го напуштил училиштето, но и покрај тоа што не добил диплома, сепак не се откажал. Тој е самоук во својата вештина, а неговото име станува се попознато по 2005 година и е препознатлив по техниката на анаморфоза, односно оптичка илузија.
Темниот стил на анаморфоза, кој подоцна го нарече Somber 3D, подразбира автентични композиции на огромни инсекти или предмети, кои ги слика во напуштени простори, а кои станаа вирални, истакнувајќи се со реализам и техника.
Работел како уметник за тетоважи помеѓу 1999 и 2008 година, живеел во Лондон, а моментално е во Лисабон, фокусирајќи се исклучиво на работа во студио и ѕидови.