Поради американските санкции Huawei го продаде Honor

Кинескиот производител на паметни телефони Huawei го продаде својот бренд Honor фокусиран на помладата популација.

Huawei и Honor се под огромен притисок затоа што постојано им недостасуваат технички елементи. Санкциите на владата на САД ја забранија трговијата со Huawei, тврдејќи дека кинеската компанија претставува закана за националната безбедност.

Huawei изјави дека нема да задржи ниту еден дел од акциите ниту ќе биде вклучен во управувањето со новата компанија Honor.

Huawei откри дека Honor преминува во сопственост на новата компанија наречена Shenzhen Zhixin New Information Technology, која е основана за таа цел.

Компанијата е конзорциум од повеќе од 30 агенти и дистрибутери на брендот Honor, а според кинеските медиуми, меѓу нив е и групата за развој на технологијата Shenzhen Smart City, контролирана од државата.

Сумата на продажбата не е објавена.

Претходна Познати се сите групи за ЕУРО 2020
Следна Богатството на Елон Маск порасна за повеќе од 15 милијарди долари

Награден напис

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Колку често водите љубов?

Сексот често се зема како параметар за квалитетот на врската/бракот, а во зависност од неговиот …

Don`t copy text!