Популарноста на новиот Porsche Taycan од ден во ден расте

Првиот, чисто електричен, спортски автомобил од Porsche, Taycan стекна големо внимание насекаде низ светот. Возилото нема да биде претставено на јавноста до септември и неговиот финален дизајн сеуште е непознат. Но сепак, повеќе од 20.000 луѓе ширум светот имаат сериозен интерес да купат еден од нив, како што потврдија од компанијата на Меѓународниот саем на автомобили во Женева.

Porsche Taycan ќе има деби во септември, а лансирањето на пазарот треба да се одржи пред крајот на годината. Возилото ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч во значително помалку од 3,5 секунди. Ќе има опсег од повеќе од 500 километри што се мери во согласност со NEDC. Покрај тоа, ќе биде можно да се додаде досег од 100 километри за полнење од само 4 минути. „Огромниот интерес за Тајкан ни покажува дека нашите клиенти и фанови се исто толку возбудени околу првиот Porsche електричен модел, како и ние – и затоа ги зголемивме производствените капацитети“, потврдува Девлел фон Платен, член на Извршниот одбор за Продажба и маркетинг во Porsche AG. „Taycan ќе биде највозвишено и технички најнапредно возило во својот сегмент – вистински Porsche“.

Претходна Популарноста на новиот Porsche Taycan од ден во ден расте
Следна Меси е повреден! Моменти на страв во Барселона

Награден напис

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Audi RS7 од Power Division забрзува подобро од Veyron

Сегашниот Audi RS7 Sportback послужи како основа за еден од последните екстремни проекти на полската …

Don`t copy text!