Познати фудбалери кои сакале или сакаат да се коцкаат во казина

Ако некогаш сте се прашувале дали некои врвните фудбалери сакаат да се коцкаат, еве го одговорот.

Фудбалери се познати по своите фудбалски вештини и талент, некои по убави жени и забави, додека некои не можат да одолеат на коцкање.

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, постигна стотици голови и освои многу трофеи, а покрај тоа што во минатото беше познат по врските со светски познати убавици, тој често се гледа во разни казина низ свет Љубител е на покер, но тоа никогаш не му пречело во неговата брилијантна кариера.

Марио Балотели е познат по својот карактер, „тенки нерви“, врски со убави жени, но и по коцкање. Освои повеќе од 25.000 фунти во рулет во 2011 година во казино во Манчестер. Тој исто така го „почести“ персоналот во казиното и му даде пари на бездомник што го сретна покрај казиното. Тој не само што е добар фудбалер, туку има и големо срце.

Ејмс Медисон е помалку познат фудбалер кој се етаблираше како играч за врска на Лестер Сити во Премиер лигата. Покрај тоа што игра фудбал, тој понекогаш ужива во казина и се гледа во некои лоцирани во Лестер. Колку што е познато, тој никогаш не се најде во неволја поради тоа, па веројатно игра безбедно и одговорно.

Нејмар е една од најголемите фудбалски sвезди, и кога не игра за ПСG и бразилската репрезентација, сака да се релаксира играјќи покер на интернет.

Златан Ибрахимовиќ е успешен фудбалер, но има среќа и успех и во коцкањето, поточно во обложувалниците. Тој дури има удел во една веб-страница за коцкање и во моментов е под истрага на УЕФА за судир на интереси.

Диего Марадона е легенда кој повеќе не е со нас. Тој беше неверојатен фудбалер, но сакаше и коцкање. Наводно водел нелегално казино во Буенос Аирес и бил страствен играч на карти и рулет, пишува британскиот Фудбал Ток.

Претходна Повеќе од три милијарди Андроид уреди се активни ширум светот
Следна Mansory AMG G63 Viva Edition е наменет за богатите кои сакаат внимание

Награден напис

Subaru Impreza S10 WRC управувана од Петер Солберг оди на аукција

Богатите љубители на автомобили, а особено љубителите на релито, сега имаат одлична можност да поседуваат …

Eminem – When I’m Gone

Уживајте во прекрасната музика на нашиот портал и на нашето ново интернет радио. Слушајте музика …

Забрането е копирање на текст!