Со конзумирање на јајца ги внесувате протеините потребни за обновување на мускулите, а жолчката има неколку дополнителни придобивки.
Нутриционистот Тоби Амидор објасни за списанието Eat This, Not That дека жолчките содржат лутеин, кој е поврзан со одржување на здравјето на очите. Поточно, има способност да ја спречи макуларната дегенерација, односно губење на видот што се јавува во текот на процесот на стареење.
“Жолчките содржат речиси половина од протеинот во јајцето. Тие помагаат да се изгради мускулна маса и затоа никогаш не треба да ги фрлате жолчките”, рекол тој.
Жолчките од јајце содржат и омега-3 масни киселини, кои го одржуваат срцето здраво и го намалуваат ризикот од смрт од срцеви заболувања. Некои омега-3 масни киселини дури можат да го убијат ракот и да помогнат во лекувањето на артритисот.
„Жолчката од јајце содржи и витамин Д, кој го апсорбира калциумот и на тој начин ги зајакнува кршливите коски“, вели тој.
Тој додаде дека е важно и децата и возрасните да јадат жолчки за да го намалат ризикот од болести на коските, кои вклучуваат рахитис (кај децата) и остеопороза (кај возрасни).
„Во упатствата за исхрана на Американците 2020-2025 се наведува дека оваа популација не консумира доволно витамин Д“, заклучува Амидор.