Поголема сексуална активност и ејакулирање 21 пат месечно за намалување на ризикот од рак на простата

Здравјето на простатата е осетливо, но многу важно прашање за мажите ширум светот. Жлездата што произведува најголем дел од течноста во спермата е важна и проблемите во таа регија започнуваат во периодот по навршување на 50 години.

Зголемената простата може да доведе до зачестено и болно мокрење, а сè почеста е појавата на рак на простата.

Правилна исхрана, вежби и честа посета на лекарот, се најдобриот начин таа да остане здрава.

Сепак, истражувачите од Универзитетот Харвард откриле нова, поедноставна метода за да се одржува простатата здрава.

Во магазинот “Европска урологија” наведено е дека зголеменото ниво на сексуална активност може да го намали ризикот од добивање на рак на простатата. Во спроведената студија учествувале 32 000 мажи на кои им биле следени сексуалните навики.

“Откривме дека кај мажите што бележат поголем број на ејакулации во возрасното доба, намалена е веројатноста дека би им бил дијагностициран рак на простатата. Оваа голема студија дава до сега најсилен доказ дека ејакулацијата има корисна улога во превенцијата од рак на простатата”, вели авторот на студијата.

Истражувачите веруваат дека 21 ејакулација месечно може да ги заштити мажите од рак на простата. Според податоците, мажите кои ејакулираат најмалку 21 пат месечно, имаат дури 33 % помала веројатност од заболување на простатата, во споредба со мажите кои тоа го прават поретко.

Причините за ова сè уште не се утврдени, но се претпоставува дека со ејакулирањето се чистат токсините кои влијаат на заболувањето.

Секако дека само ејакулацијата нема да ги спаси во потполност мажите од заболување, туку треба да се води сметка за здравјето воопшто. Да се внимава на дебелината, пушењето, алкохолот, храната со висок процент на маснотии.

Доктор Џејмс Белч вели дека исправна прехрана е она кое треба да го спроведувате кога е во прашање здравјето на простатата.

Претходна НАСА мапирала дури 4000 планети надвор од нашиот Сончев Систем
Следна Sierra 1500 AT4 All Mountain е новиот концепт на GMC

Награден напис

Фокусирајте се на детето на кое навистина можете да му помогнете и покажете ја хуманоста – Интервју со детскиот асистент Славе Павловски

Во последно време со оглед на целата ситуација со Корона вирусот, имаме чувство дека сите …

Кои намирници кои имаат многу долг рок на траење

Ако се чуваат добро затворени на место без сонце и влага, некои намирници кои секојдневно …

Забрането е копирање на текст!