Погба го повреди коленото, го пропушта стартот на сезоната

Францускиот фудбалер Пол Погба заработи нова повреда, овојпат на коленото, која може да го остави надвор од терените неколку недели и поради која, според италијанските медиуми, ќе го пропушти почетокот на сезоната.

Погба заработи повреда на коленото на тренинг, а иако на почетокот се чинеше дека не е ништо сериозно, дополнителните прегледи и тестови покажаа дека се работи за лезија на страничниот менискус на десното колено и дека ќе мора да оди на операција.

Во оваа насока, сигурно е дека би го пропуштил стартот на сезоната, што секако би бил голем хендикеп за Јувентус, кој оваа сезона очекува многу од Погба и кој како големо засилување премина во редовите на Старата дама.

Тој летово се врати како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, а тоа го направи исто како и пред 10 години. Во меѓувреме, Јувентус го продаде на Манчестер во трансфер вреден 105 милиони евра.
Се очекува Погба да отсуствува од два до три месеци доколку проблемот се покаже посериозен, а првиот натпревар во новата сезона Јувентус ќе го одигра на 15 август против Сасуоло. Погба поради повреда на коленото не отпатува со тимот во Далас.

Претходна Irmscher подготви визуелни подобрувања за Fiat 500C
Следна Сус – бисер на брегот на Медитеранот

Награден напис

Evanescence – Bring Me To Life 

Уживајте во прекрасната музика на нашиот портал и на нашето ново интернет радио. Слушајте музика …

YouTube тестира четбот кој ќе се појавува под клиповите

Видео сервисот YouTube спроведува експеримент кој вклучува нов четбот дизајниран да им обезбеди на корисниците …

Don`t copy text!