Поврзаност на играта Fortnite со разводите

Една од најпопуларните игри на светот Fortnite, која од 20 милиони корисници рапидно скокна на 125 милиони играчи во светски рамки, директно ја поврзуваат со зголемувањето на разводите.
Според изјавите дадени како причина за развод во Британија, во дури 200 барања за развод како причина е наведена директната зависност од играњето на играта Fortnite.
Пропаѓање на бракови имало и ќе има од најразлични причини, но оваа игра предизвикува недостаток на комуникација, намалување на заедничките интереси, и вниманието на партнерот/корисникот на играта е секогаш фокусирано кон екранот и кон играта.
За парадоксот да биде поголем, Fortnite ги наградува играчите доколку поминуваат поголем период онлајн, заради што е потешко да се откажат.
Овој проблем Светската здравствена организација го класифицира како нарушување, од причина што корисниците на играта го губат фокусот на реалноста околу себе, а да не зборуваме и за настанувањето на психички и физички проблеми како што се оштетувањето на видот и несоницата.

Претходна Сам свој мајстор (чамец од пластични шишиња)
Следна ABT го набилда Audi RS5 Sportback со неверојатни 503 коњски сили

Награден напис

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Патиките на Мајкл Џордан се продадени за дури 2,2 милиони долари

Патиките на кошаркарската легенда Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, на аукција …

Don`t copy text!