Во моментов има повеќе од три милијарди активни уреди кои користат оперативен систем Андроид ширум светот.
Самер Самат, потпретседател за управување со производи во Гугл, ги сподели овие информации за време на I / O конференцијата на Google, што се одржува во живо, но на интернет оваа година.
Гугл регистрираше повеќе од 500 милиони активни уреди со Android од последната конференција за програмери во 2019 година, или една милијарда уреди од 2017 година. Бројките се земени од Гугл Плеј Стор, каде не се земени предвид уредите базирани на Андроид, кои користат алтернативни продавници, како што се уреди со Амазон Фајр и кинески уреди базирани на Андроид, кои избегнуваат употреба на апликации на Гугл Ова значи дека бројот на активни уреди со Андроид е всушност многу поголем од бројот пријавен од Самат.
Епл претходно оваа година потврди дека има повеќе од милијарда активни ајфон-и во светот.