Победничкото Ferrari F300 на Шумахер излегува на аукција

Ферари Ф300 на седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер ќе биде продаден на аукција во август.

Станува збор за болид од 1998 година во кој Шумахер таа сезона оствари четири од шест победи. Автомобилот го придвижува 3.0-литарски V10 мотор кој развива 800 КС.

Сега, за прв пат во историјата, Ferrari F300 е понуден на продажба, а ќе се продава на аукцијата на RM Sotheby’s Monterey во август. Со оглед на тоа дека го возеше легендарниот Шумахер, се очекува висока цена.

На шасијата на автомобилот се наоѓа бројот 187, а Мајкл возејќи го овој Ф300 ја оствари првата победа во Канада со предност од 16 секунди. Го забележа и најбрзиот круг. Следната победа ја прослави во Франција, а потоа и во Велика Британија. Тој го постигна четвртиот на трката за Големата награда на Италија.

Формула 1 шампион во 1998 година сè уште беше Мика Хакинен, додека Шумахер заврши на второто место.

Ферари го задржа овој автомобил до септември 1999 година, кога го продаде, а тој купувач го поседува до денес. Автомобилот е во фантастична состојба, а новиот сопственик се очекува да издвои меѓу 6 и 8 милиони долари.

Претходна Како да се борите со намалениот сексуален нагон?
Следна Себастијан Фетел возеше 100 години стар тркачки автомобил Астон Мартин ТТ1

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!