Петр Чех се врати од пензија и бранеше за Челси

Чешкиот голман Петр Чех по една сезона се врати во активниот фудбал и бранеше на натпреварот помеѓу младите екипи на Челзи и Тотенхем, пишуваат медиумите во Англија.

Тие наведуваат дека Чех можеше да постигне комичен автогол во неговиот прв повратен контакт со топката бидејќи по додавање од одбраната тој ја фати топката многу лошо и за малку ќе го чинеше гол својот тим, но за негова среќа топката мина покрај стативата.

Понатаму се наведува дека овој поранешен чувар на мрежата на Арсенал прими два гола во следните 15 минути, но дека неговиот тим успеа да победи по големиот пресврт и конечно да ја прослави победата.

Потсетуваме, Чех неодамна беше регистриран за настапи во Премиершип како опција што може да игра доколку некој од голманите не е во можност да брани, но секако е јасно дека предност имаат и Менди, Кепа и Кабалеро во моментот.

Претходна Монт Еверест „пораснал“ за 86 сантиметри
Следна Armin van Buuren feat. Josh Cumbee – Sunny Days

Награден напис

Навики на мажите кои не се привлечни за жените

Лагите никогаш немаат оправдување, ниту пак има „мали безопасни лаги“. Жените не сакаат да имаат …

Black Eyed Peas, Nicky Jam, Tyga – Vida loca

Уживајте во прекрасната музика на нашиот портал и на нашето ново интернет радио. Слушајте музика …

Забрането е копирање на текст!