Фудбалерите на АЕК од Ларнака се пласираа во плеј-офот од Европската лига откако во два меча го совладаа Партизан. На првиот натпревар на Кипар беше 2:1 за АЕК, додека вечерва беше 2:2 на стадионот на Партизан.
Во текот на првото полувреме АЕК подобро стоеше на теренот и го контролираше поседот на топката, но Партизан беше крајно смртоносен во нападите, па создаде неколку добри шанси.
Од еден од нив поведоа во 24. минута, а стрелец беше Гомеш по асистенција на Диабате. Воедно 1:0 беше резултатот од првото полувреме.
По само шест минути игра, во продолжението од натпреварот навивачите на Партизан доживеаја шок бидејќи Ѓурчо израмни. Сепак, славењето на гостите траеше само три минути откако одличното дуо Дијабате и Гомеш создаде нов водечки гол за Партизан.
Во тие моменти се чинеше дека головите паѓаат како на лента, па повторно по само три минути следеше нов шок за домашните, бидејќи Фарај постигна феноменален гол по соло продор и израмни на 2:2. Партизан залудно напаѓаше до крајот на натпреварот, па немаше промена на резултатот и кипарскиот тим можеше да слави за преминот во следната фаза од натпреварувањето.
За влез во групната фаза од Европската лига, АЕК ќе игра против Днипро, а Партизан ќе го продолжи натпреварувањето во плеј-офот од Конференциската лига каде ќе игра против Хамрун од Малта.
Резултат и стрелци:
Партизан – АЕК Ларнака 2:2 (Гомеш 24′, 54′ – Ѓурчо 51′, Фарај 57′)
*резултат од првиот натпревар – 1:2