Од денес е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата

Од денес е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.

Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носење заштитна опрема на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимална дистанца од 2 метри од најблиското лице до вас.

Доколку се движите низ гужва на улица, чекате јавен превоз со голем број патници на станицата или сте во слична ситуација да морате да бидете во непосредна близина на други лица и не можете да се одалечите од 2 метри, задолжително носете заштитна опрема.

Заштитна опрема надвор не е задолжително ако: – престојувате во двор на станбена семејна куќа, – возите велосипед или спортувате на отворено, но ја одржувате дистанцата од минимум 2 метри.

Заштитна опрема надвор не е задолжително ако: – патувате во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете – се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метри.

Заштитната опрема е значајна да го спречиме ширењето на вирусот, со неа се штитите себеси и сите околу вас. Да бидеме одговорни и заедно да го спречиме ширењето, од сите нас зависи!

Претходна HAVASI – Prelude
Следна Тогоанецот Адебајор со одговор кон новинарите за нивните критики

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!