Од Антарктик се одвојува санта мраз двојно поголема од Њујорк

 
Научници од НАСА предупредуваат дека, како последица на брзото ширење на голема пукнатина, од Антарктик наскоро ќе се одвои санта мраз двојно поголема од површината на Њујорк. Тие на подрачјето на ледениот масив Брунт следат неколку пукнатини кои се приближуваат една кон друга и кога ќе се спојат, од Антарктик ќе се одвои санта мраз двапати поголема од Њујорк.
Од НАСА велат дека пукнатината во ледениот масив Брунт била стабилна речиси 35 години пред да почне да се продлабочува со брзина од 4 километри годишно. Иако ова не е најголемата санта мраз која се одвојува од Антарктик, тоа е најголемиот дел кој ќе се одвои од Брунт откако почнале да го истражуваат и набљудуваат во 1915 година.
Сателитските снимки покажуваат дека средишната пукнатина се шири преку ледената површина и дека наскоро ќе се спои со останатите две – ледениот набор МекДоналд и пукнатината Халоуин. Спојувањето на тие две пукнатини се очекува во следните неколку недели или месеци.
Истражувачот Џо МекГрегор верува дека глобалното затоплување го забрзува топењето на мразот на Антарктик и пукнатината на Брунт е непобитен доказ за тоа.
Долгорочно, иднината на антарктичките ледници и нивното топење ќе имаат големо влијание на порастот на нивото на морињата ширум светот. Во извештајот кој минатата година го објавија американски и британски научници, се наведува дека мразот на Антарктик се топи со рекордна брзина, што е голема закана за крајбрежните градови.
Студија на американски научници покажува дека топењето на мразот на Антарктик е трипати побрзо во последните пет години во однос на претходниот период.
Научниците сметаат дека, ако не се преземат драстични мерки за намалување на емисиите на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина и ако не се ограничи глобалното затоплување, заради топењето на антарктичкиот мраз нивото на морињата до 2070 година глобално ќе порасне за повеќе од 25 сантиметри.

 

Претходна Новиот Volkswagen T-Roc R е совршена комбинација од перформанси и дизајн
Следна Шутот на Герет Бејл што го насмеа фудбалскиот свет

Награден напис

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Мистериозно кинеско летало

Кинеското вселенско летало без екипаж се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. …

Don`t copy text!