Ролс-Ројс направи минијатурен и неверојатно детален модел кој всушност е поскап од некои вистински автомобили.
Моделот се состои од 1.000 совршено рекреирани минијатурни компоненти, а потребни се дури 450 часа за да се соберат со рака.
Овој модел чини околу 30 000 фунти, а за тие пари е можно да се купи вистински автомобил од понудата на поевтини брендови.
Оние сопственици на Ролс-Ројс кои трошат малку повеќе пари, можат да добијат минијатурен модел насликан во иста боја како и нивниот автомобил, а понудена е и палета од 40.000 бои. Исто така, ентериерот може да биде идентичен со вистински автомобил, вклучувајќи конец и дрво.
Се разбира, сите врати на моделот можат да се отворат, а под хаубата е мотор V12. Може да се вклучат и исклучат светлата со далечинскиот управувач.
Моделот се доставува до клиентите во транспарентно еднометарско куќиште на Perspex.