Објавен е трејлерот за третиот дел од полскиот филм кој изобилува со сцени на експлицитен секс

Објавен е трејлерот за третиот дел од еротската драма „365 Days“ наречен „The Next 365 Days“, кој ја следи љубовната приказна на Лаура и Масимо.

„Врската на Лора и Масимо виси на конец и тие се обидуваат да ги надминат проблемите со довербата, додека упорниот Начо прави се за да ги раздели“, е краток опис на дејството на третото продолжение.

Да потсетиме, вториот дел од „365 дена: Овој ден“ започна со венчавката на Лаура и Масимо, но набрзо вниманието на Лаура го украде „градинарот“ Начо.

По објавувањето, филмот наиде на многу лоши критики и незадоволство од публиката, а моментално има оцена 2,5 на IMDb.

Се чини дека публиката не е особено воодушевена од третиот дел од овој филм, кој е полн со сцени на експлицитен секс.

„Изгледа никогаш не планираат да престанат да го прават ова“, „Секое продолжение го прави овој филм помизерен“, „Овие филмови се како лоша сообраќајна несреќа што едноставно не можеш да престанеш да ја гледаш“, „Знам дека ќе биде глупава приказна па ќе продолжам само со возбудливи секс сцени“, „Боже, пак овие две“, се само дел од коментарите.

Филмот ќе стане достапен за гледање на Нетфликс од 19 август 2022 година.

Претходна Rodin FZero е Бетмобил со 1.169 КС дизајниран за патека
Следна Darude – Sandstorm

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!