Субару го заврши производството на првата генерација на моделот BRZ во јули без да открие детали за доаѓањето на наследникот, а сега излезе и тизер со најава за премиера на „сосема новиот“ спортски автомобил на есен.
Само еден раб и малку камуфлирана каросерија може да се видат на закачката. Отворите за вентилација на лаковите на тркалата се чини дека помагаат во ладење на предните сопирачки, а бандажите се позајмени од Toyota GR Yaris.
Тоа е сè што Субару е подготвен да открие во моментов, така што засега нема збор за техничките спецификации. Контрадикторни извештаи претходно се појавија во медиумите за тоа дали Субару БРЗ и Тојота 86 конечно ќе добијат турбо полнач, но најновите информации велат дека тие сепак ќе се држат до атмосферскиот мотор.
Тие, наводно, ќе бидат напојувани од 2.4-литарскиот четирицилиндричен мотор на Субару FA24 кој развива 217 КС и 240 Nm вртежен момент, што е нешто повеќе од сегашниот 2.0-литарски мотор кој испорачува 205 КС и 211 Nm вртежен момент.
Се верува дека клиентите ќе можат да избираат помеѓу 6-брзински мануелен менувач земен од сегашниот модел и ново развиен автоматски менувач дизајниран за спортски автомобили.
Тојота претходно најави дека новиот модел 86 ќе биде подобар за возење отколку Супра.
Верзијата на моделот на Тојота беше забележана во август со слични пропорции и редизајнирани предни и задни делови. Камуфлираниот прототип изгледаше како освежена верзија на „оригиналот“, па истото се очекува и во случајот на моделот BRZ, иако Subaru најавува „сосема нов спортски автомобил“.