Облека што се грее со помош на апликација

Трендот на технолошки изуми внесени во облеката и обувките сè повеќе зема замав. Од дизајн на зимски обувки од познати дизајнери како Jimmy Choe и неговите Voyager обувки, до комплетна гардероба за зимски услови кои се греат со помош на апликација.
Проектот на кој канадска компанија работела 3 години, опфаќа гардероба за зимска употреба. Се инсталира апликација на паметен телефон која ги регулира спроводните конци од текстилот вметнати во синтетичкиот слој кој има функција на контрола на потењето. Декоративниот слој од материјалот заедно со спроводните конци емитираат топлина според упатствата кои корисникот ги дава преку апликацијата. Спроводните влакна се поврзани со батерија од 56 грама која генерира 18 вати енергија што е доволно ткаенината да остане топла 8 часа. Батеријата може да се полни преку USB-c конектор.


Креацијата која во описот го носи називот “паметна облека”, е наречена SkiinCore и се состои од горен дел со долги ракави и долен дел.
Топлината се концентрира во деловите кои се најизложени на студ како торзото, рацете, стапалата, а не се емитира во деловите што се потат како грб и гради.
Кога температурата ќе падне под параметрите што се внесени, грејните делови се вклучуваат автоматски и греат сè до температурата наместена како крајна и со тоа го штитат телото од прегревање.
Апликацијата го следи движењето на корисникот и со тоа ја регулира топлината според оптоварувањето.

Претходна Сите бои на Johnnie Walker
Следна Знаете ли дека фрламе еден од најздравите делови од лубеницата?

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!