Норвешка е лидер по бројот на продадени електрични автомобили

Според статистичките податоци, Норвешка е на врвот по бројот на продажба на нови електрични автомобили. Дури 48,4 % од целокупната продажба на нови автомобили се електрични, и бележи нагорна линија во споредба со минатогодишните 31,2 %.

Со намера да се прекине продажбата на бензински и дизел автомобили, норвешката влада ги ослободува од плаќање на големи давачки купувачите на автомобили на батерии, а имаат и дополнителни погодности, како на пример пониска цена на патарините.

Во Норвешка, во групата на популарни електрични автомобили, се возилата на Тесла, Нисан, Хјундаи и БМВ, кои нудат електрични, а не хибридни автомобили.

Најпопуларен модел меѓу купувачите во Норвешка е Тесла модел 3 и според статистиката, во јуни се продадени дури 3760 вакви примероци.

Истовремено, производители кои во својата понуда немаат електрични автомобили, бележат пад на продажбата.

Тројката со најмногу продадени електрични автомобили се Норвешка, Исланд и Шведска.

Претходна Токио, град од соништата
Следна Замрачување на Сонцето – ретка астрономска појава

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!