Нов чипсет и нови сензори на камерите за Huawei Mate X

Последната информација која доаѓа од компанијата Huawei е дека моделот Mate X кој го најавија во февруари оваа година, официјално ќе биде претставен во ноември. Причина за одложувањето е тоа што сè уште се работи на дизајнот и на преклопот, за да се добие што е можно поцврст апарат.

Изненадување е тоа што овој модел на мобилен телефон ќе има и најнов хардвер. Имено, Huawei Mate X доаѓа со новиот Kirin 990 чипсет, кој сè уште не е службено претставен, а го има и во моделите Mate 30 и Mate 30 Pro.

Освен новиот чипсет, на овој уред му се ставени и подобри камери. Претходно, Mate X имаше камери слични на моделот Mate 20, но сега сензорите на камерите се слични како на новиот P30 модел. Наместо стандардниот RGB модел, користат RYYB филтер за бои кој пропушта 40 % повеќе светлина, така што се прават добри фотографии во лошо осветлување, па дури и во мрак.

Се очекува батеријата на овој апарат да биде Li-Po 4500 mAh и да има супербрзо полнење, кое ќе наполни 80 % од батеријата за 30 минути.

Претходна Како успешно да го замените трчањето со одење
Следна Важна ли е величината на телевизорот?

Награден напис

Vivo ги претстави мобилните телефони X90, X90 Pro и X90 Pro+

Компанијата Vivo ги претстави новите предводници од серијата X, поточно моделите X90, X90 Pro и …

Британски воен авион го направи својот прв лет користејќи масло за јадење

Британските кралски воздухопловни сили (РАФ) успешно го завршија пробниот лет на огромен воен транспортен авион …

Забрането е копирање на текст!