Новогодишна честитка од Марс

Совршена Новогодишна честитка пристигна од Марс: леталото Mars Express во своето орбитирање над Црвената Планета, го сними огромниот кратер Королев кој е окован во мраз.
На фасцинантните фотографии изгледа како само на овој дел од планетата да паднал снег, изјавува Европската вселенска агенција, но се работи за мраз кој се наоѓа во близина на северната поларна капа. Кратерот е широк 82 километри, мразот во неговата средина е дебел речиси два километри, со дијаметар од 60 километри и се проценува дека во него има 2200 кубни километри мраз.
За ваквата сцена на изолиран мраз е заслужен природниот феномен “ладна стапица”: ладниот воздух над кратерот се спушта и создава своевиден штит над мразот, кој на тој начин се задржува преку целата година.
Кратерот Королев е именуван според рускиот научник Сергеј Королев, кој бил ракетен инженер и дизајнер на вселенски летала, познат како татко на советската вселенска технологија. Королев работел на програмата Спутник која ги испрати првите вештачки сателити во вселената во 1950 година, а подоцна работел и на програмата Восток која го однесе Јуриј Гагарин во историјата како прв човек кој орбитирал околу Земјата.
Европската вселенска агенција го лансираше леталото Mars Express во 2003 година за да ја проучува атмосферата и геолошките карактеристики на Марс, а истовремено бара и вода.

Претходна Финалето на СП во фудбал меѓу Хрватска и Франција го следеле неверојатни 1,12 милијарди луѓе
Следна Castagna Milano развива своја верзија на Audi A8 Avant Allroad

Награден напис

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Мистериозно кинеско летало

Кинеското вселенско летало без екипаж се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. …

Don`t copy text!